Уапсени тројца малолетници предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба

Макфакс

05/10/2026

12:20

164

Големина на фонт

а а а

Во парк шумата Гази Баба во Скопје, тројца малолетници се уапсени поради предизвикување пожар на сува трева. Пожарот е изгаснат, а на осомничените ќе им биде поднесена кривична пријава за предизвикување општа опасност.

Вчера во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева.

Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.