Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Макфакс

05/10/2026

15:57

163

Големина на фонт

а а а

Министерството за социјална политика известува дека започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2026 година. Исплатата е достапна преку дебитни картички и на шалтерите на банките, додека исплатата на Родителски додаток ќе биде реализирана во текот на месецот.

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска, 5 октомври, започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец септември 2026 година.

Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

Исто така, и корисниците кои не користат картички од денеска ќе можат да ги подигнат своите средства во сите отворени филијали и експозитури на банките.

Министерството ги известува корисниците на правото на Родителски додаток дека подготовката за исплата на ова право е во тек, и истата ќе се реализира во текот на месецот.