[ВИДЕО] Се урна воен авион со 32 лица во Нигерија

Макфакс

05/10/2026

21:20

199

Големина на фонт

а а а

Воен авион со 32 лица се урна во јужниот дел на Нигерија. Во моментот нема информации за жртви, а властите започнаа операција за пребарување и спасување во областа каде што авионот исчезнал од радарот.

Воен авион со 32 лица денеска се урна во јужниот дел на Нигерија, а засега нема информации за евентуални жртви.

По несреќата на авионот, во кој имало 25 патници и седум членови на екипажот, веднаш била започната операција за пребарување и спасување, соопштија властите.

Нигерискиот министер за авијација Фестус Кејамо изјави дека авионот бил на рутински лет кон Лагос, економскиот центар на Нигерија, кога се урнал во областа Игбокода во сојузната држава Ондо.

Нигериското воено воздухопловство соопшти дека станува збор за авион од типот АТР-42 и дека веднаш била започната операција за пребарување и спасување.

Кејамо наведе дека авионот најпрво исчезнал од радар околу 9 часот наутро по локално време, а потоа било утврдено дека се урнал приближно на половина пат меѓу сојузната држава Едо и Лагос.