[ВИДЕО] Во бркотница со полицијата дивосечачите ги истуриле дрвата на патот за да ги попречат полицајците

Нетпрес

06/10/2026

11:21

869

Големина на фонт

а а а

Во акција на МВР за одземање на бесправно исечени дрва и без жиг, синоќа во кумановското село Отља дојде до инцидент и бркотници, по што дивосечачите ги истурија дрвата сред пат.

На тој начин го попречија движењето на возилото на МВР, кое ги следеше.

„Дрвната маса од страна на Шумската полиција и нашите служби е одземена и е складирана во складот на ПШС Куманово. Со ваквите акции ќе продолжиме се додека постојат вакви криминални банди“, соопшти заменикот директор на ЈП Национални шуми, Кире Михаилов.


Деновиве се засилени контролите од страна на Шумската полиција, која на терен излегува и со припадници на МВР. Неодамна во Карбинско, дрвократците претепаа и повредија шумски полицајци.

Штетите од дрвократците, според проценките на Национални шуми се движат меѓу 25 до 30 милиони евра годишно. Годишно илегално се сечат помеѓу 200.000 и 300.000 кубни метри дрвна маса.


Покрај директната материјална штета, нелегалната сеча предизвикува и долгорочни еколошки штети, како ерозија на почвата, губење на биодиверзитетот, сушење на изворите и зголемен ризик од поплави и пожари, чија санација бара децении и дополнителни милионски инвестиции за пошумување.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.