Кривична пријава е поднесена против маж од Гостивар кој се заканувал на својот татко и брат поради нерасчистени имотно-правни односи, проследено со оштетување на возило и заплашување.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ф.И.(52) од гостиварско.
Тој се сомничи за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“.
Имено, на 07.08.2026 во дворно место од куќата на неговиот 71-годишен татко, поради нерасчистени имотно-правни односи, пријавениот упатил закани кон својот татко и членови на семејството, а подоцна со тврд предмет го оштетил стаклото и кровот на паркирано возило, во кое бил брат му, при што му упатил и закани.








