Лидерот во шпанската Примера, Барселона се подготвува за мечот со Хетафе на „Камп Ноу“, но пред тоа клубот објави вест за продолжување на соработката со играчот кој е изненадување во составот на Ханси Флик во оваа сезона-тоа е младиот Хави Еспарт.
Актуелниот шампион објави дека Еспарт добива нов договор со важност до 30 јуни 2030 година. Тој дебитираше за првата екипа во март годинава на средбата со Њукасл во Лигата на шампионите, но во тековнава кампања почна да добива вистинска шанси и да го исфрли Алехандро Балде на клупата за резерви.
The future is his, and it's blaugrana.
Xavi Espart 2030 💙❤️ https://t.co/s62dFXNdBg
— FC Barcelona (@FCBarcelona) October 8, 2026
Хави кој има 19 години е доста ценет од Флик, редовно добива прилика и на пет средби има учинок од 1 гола и 2 асистенции.
Тој може да одговори на повеќе позиции, да игра како десен, лев бек, но и во средината на теренот ако тоа е потребно.








