Шеснаесетгодишник на мопед тешко повреден во сообраќајка во Прилеп

Макфакс

10/10/2026

15:40

225

Големина на фонт

а а а

Шеснаесетгодишно момче од прилепското село Алинци е тешко повредено во сообраќајна несреќа меѓу мопед и автомобил што се случи на булеварот Гоце Делчев во Прилеп. Малолетникот е пренесен во болница со тешки телесни повреди, а увид изврши полицијата.

Шеснаесетгодишник од селото Алинци, прилепско, е тешко повреден во сообраќајна несреќа меѓу мопед и автомобил на булеварот „Гоце Делчев“ во Прилеп.

Несреќата била пријавена вчера, 9 октомври, во 10:40 часот во ОВР Прилеп. Во неа учествувале автомобил „опел“, управуван од К.Ш. (72) од Прилеп, и мопед што го управувал малолетникот. Двете возила имале прилепски регистарски ознаки.

По несреќата, малолетникот бил пренесен во Градската болница во Прилеп, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид извршила екипа на ОВР Прилеп.