Скопјанец приведен по пријава дека кршел во домот на чичко му и ја нападнал сестра си

Макфакс

10/10/2026

17:40

184

Големина на фонт

а а а

Триесет и едногодишен скопјанец е лишен од слобода по пријава дека насилно ја искршил влезната врата од домот на својот чичко, влегол внатре и кршел покуќнина, а потоа физички ја нападнал и својата сестра.

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Р.П. (31) вчера, 9 октомври, во 11 часот на подрачјето на Гази Баба.

Според пријавата, тој ја нападнал сестра си откако таа дошла во домот на чичкото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.