Малески: Добро се подготвивме за овој натпревар, целта е да се освојат трите бода

Дерби

12/10/2026

13:27

184

Големина на фонт

а а а

Со мечот меѓу Башкими и Струга Трим Љум кој се игра денеска од 15 часот ќе се комплетира 9. коло во Првата македонска лига.

Струга со оглед на квалитетот и секако позицијата на теренот важи за голем фаворит, но тоа ќе мора да го потврди и на теренот во Куманово. Ако гостите успеат во таа мисија тогаш ќе дојдат до врвот на табелата или поточно ќе се израмнат со Шкендија.

-Имаме почит кон Башкими, без разлика на нивната позиција на табелата. Струга Трим Лум, како и на секој натпревар, влегува со цел да ги освои трите бода. Се надеваме дека денеска во Куманово ќе стигнеме до нова првенствена победа. Во тимот владее одлична атмосфера и добро се подготвивме за овој натпревар. Очекуваме да одиграме квалитетен меч и веруваме дека на крајот ние ќе се радуваме на победата, -истакна напаѓачот Христијан Малески за официјалнот сајт на ФФМ.

Од друга страна нешто ќе се прашува и Башкими кој има нов тренер во името на Муарем Муарем.

-Дуелите со Струга Трим Лум секогаш носат посебен мотив. По репрезентативната пауза се враќаме максимално подготвени и со зад себе вложен многу труд. Влегуваме во беспоштедна борба за да ги освоиме трите бода во Куманово и да ги израдуваме нашите верни навивачи, -истакна Антонио Да Силва Санка.