Маск го поддржа Трамп во критиките кон Зеленски: Отиде предалеку

Макфакс

13/10/2026

16:00

296

Големина на фонт

а а а

Американскиот милијардер Илон Маск ги поддржа критиките на американскиот претседател Доналд Трамп кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, оценувајќи дека тој „отишол предалеку“ и дека е време Украина да добие ново раководство.

Маск реагираше на социјалната мрежа „Икс“, под објава на профилот на Белата куќа „Rapid Response 47“, на кој беше објавено видео од изјава на Трамп.

„Зеленски отиде предалеку“, напиша Маск.

Во друга објава, милијардерот порача дека е време Украина да избере нов претседател.

„Се согласувам, време е Украина да добие нов лидер“, напиша тој, коментирајќи ги сличните изјави на Трамп за Зеленски.

Американскиот претседател претходно остро го критикуваше Зеленски поради украинските напади врз руските нафтени рафинерии и повика на негово повлекување од функцијата.

„Зеленски можеше да ја заврши оваа војна многу, многу пати. Но, тој не го прави тоа. На Украина ѝ е потребен нов лидер кој може да постигне договор. Од некоја причина, Зеленски никогаш не склучува договори“, изјави Трамп.