Немања Гудељ беше долгогодишен капитен на Севилја и малку зачуди тоа што не остана во клубот после тешката сезона во која беше изборен опстанок, особено ако се знае дека токму Србинот беше тој кој даде ветување дека тимот од Андалузија нема да оди во понизок ранг.
Откако му истече договорот на крајот на месец јуни, Гудељ два месеци беше во потрага на интересен проект, а на крајот на месец август се пресели во Хетафе и сега е дел од проектот на Пепе Бордалас.
Малиот мадридски клуб денеска одигра 1:1 против Универзитатеа Крајова во Конференциската лига, но мора да се напомене дека Романците останаа без два од трите посакувани бода поради „бомба“ на Гудељ.
Дефанзивецот кој е познат по својот разорен удар, денеска уште еднаш испрати теледиригиран „проектил“ во мрежата на противникот, по што противниците одмавнуваа со раце и се фаќаа за глава.
Повторената снимка најдобро покажува колку неприроден лет имаше топката, па од тој агол се добива впечаток дека овој удар немаше да го одбранат ниту двајца голмани.
Голот погледнете го ТУКА
Повторената снимка погледнете ја ТУКА






