Од Севилја „грмат“: Очигледно сакаа разликата да остане иста пред „Ел Класико“!

Дерби

19/10/2026

08:01

245

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид со убедливи 4:1 ја победи Севилја во натпревар во кој видовме три извонредни голови во режија на Арда Ѓулер, Килијан Мбапе и Јан Диоманде, но една акција од првото полувреме направи овој меч да биде предмет на доста расправии и негативни реакции од противничкиот табор.

Пред да дојде до првиот гол кој беше вистинско ремек-дело, токму Арда Ѓулер режираше еден контроверзен момент од кој излезе неказнето, па иако се доби впечаток дека тој удира противнички фудбалер со лакт, луѓето од ВАР собата не можеа да пронајдат агол и слика која ќе го докаже тоа.

По двеминутно чекање, Арда мина без казна и не заработи ниту опомена за прикажаната агресија, а бидејќи ова се случи при резултат 0:0, од Севилја сметаат дека се жестоко оштетени на „Сантијаго Бернабеу“.

Десниот бек Иглесијас испорача брутална изјава и нагласи дека секогаш очекуваат такви превиди од судиите кога гостуваат во Мадрид, но прилично бесен беше и тренерот на гостите од Андалузија, Луис Гарсија Плаза.

– Натпреварите треба да се игра „единаесет против единаесет“, но нам ни беше одземена можноста да играме „единаесет против десет“. Во лигата, понекогаш се наоѓате во ситуација да имате бројчана предност или да имате играч помалку, а овојпат требаше да ја имаме предноста од човек повеќе на тернеот.

– Нашиот фудбалер се жалеше на паузата и тврдеше дека добил удар од Арда со лакт. Тоа беше црвен картон и тука нема никакви дилеми, а тој момент го менува цел натпревар бидејќи беше на 0:0. Зошто немаше преглед од ВАР на монтирот кој служи за преглед од судијата? Не знам, најверојатно не сакаа Реал да отиде на „минус девет“ пред „Ел Класико“. Ќе имавме добра шанса да победиме ако игравме со човек повеќе. Станува збор за чиста акција, чист црвен картон. Противникот покажа агресија, а мина неказнето за тоа, – нагласи Луис Гарсија.