Џејсон Сигел конечно ја пронајде својата „Лили“ во реалниот живот. Тој за првпат застана пред олтарот и го кажа судбоносното „да“ на својата партнерка со која е во врска три години, Кајла Радомски.
Актерот Џејсон Сигел (46), најпознат по улогата на Маршал Ериксен во серијата „Како ја запознав мајка ви“, го кажа судбоносното „да“ на својата партнерка, професионалната танчарка и актерка Кајла Радомски (35), пишува списанието „People“.
Церемонијата се одржа на 17 октомври во прекрасниот амбиент на Ботаничката градина во Пасадена, Калифорнија. Кајла сподели моменти од свадбата на Инстаграм со опис дека сè изгледало како „апсолутен сон“.
Двојката е во врска три години. Првите гласини дека се во врска се појавија во октомври 2023 година, кога беа фотографирани држејќи се за раце на забава за Ноќта на вештерките во „Universal Studios“. Тие го имаа своето официјално деби на црвениот тепих на почетокот на 2024 година на доделувањето на наградите „Златен глобус“.

Џејсон ѝ предложи брак на Кајла во јуни 2025 година во истата ботаничка градина каде што се венчаа, а самото запросување беше вистинско филмско сценарио.
Бидејќи тоа беше местото каде што се видоа на еден од нивните први состаноци, Џејсон смислил лажна вечера за собирање средства каде што требаше да биде присутен и градоначалникот за да ја намами Кајла да дојде. Кога пристигнале, вработените во градината правеле тоа што однапред било договорено со актерот.

Џејсон ѝ рекол на Кајла да ги затвори очите и да си замисли желба, а кога таа ги отворила, тој веќе бил застанат на едно колено со прстен во раката кој го дизајнирал самиот, додека гудачкиот квартет ја свирел музиката од нејзиниот омилен филм, „Убавицата и ѕверот“.
Интересно е што ова е прв брак на Џејсон во неговиот живот, како и на Кајла. Иако беше во неколку долги и познати врски, само со Кајла реши да се ожени.














