[ВИДЕО] Иранците објавија снимка: „Танкер со два милиона барели нафта налетал на мина“

Макфакс

21/10/2026

13:37

1.369

Големина на фонт

а а а

Иранската револуционерна гарда потврди дека танкер со два милиона барели нафта налетал на морска мина во Ормускиот теснец, предизвикувајќи пожар во машинското одделение. Танкерот бил на неовластена рута и со исклучени навигациски системи, што довело до инцидентот.

Иранската револуционерна гарда соопшти дека избувнал пожар на нафтен танкер во Ормускиот теснец, откако тој налетал во поморска мина. Според нивните наводи, пожарот настанал во машинското одделение на бродот по експлозија.

Во официјалното соопштение, пренесено од иранските државни медиуми, се наведува дека танкерот се движел по „неовластена јужна рута“ низ теснецот. Исто така, се додава дека системите за позиционирање и навигација на бродот биле исклучени.

Командантот на поморските сили на Iранската револуционерна гарда, адмирал Али Озмаеи, оваа недела изјави дека секој брод што ќе ги исклучи своите навигациски системи ќе се смета за непријателски.