Винисиус бил на чекор од Арсенал: Агентот откри што се случувало зад кулисите!

Точка

23/10/2026

11:28

1.139

Големина на фонт

а а а

Винисиус Жуниор размислувал за трансфер во Арсенал, откри неговиот агент. Лондонскиот клуб доставил привлечна понуда за бразилскиот фудбалер.

Винисиус Жуниор сериозно ја разгледувал можноста да го напушти Реал Мадрид и да ја продолжи кариерата во Арсенал, откри Мајкл Јормарк, еден од агентите на бразилскиот фудбалер.


Лондонскиот клуб бил подготвен да покаже колку сака да ја доведе ѕвездата на Кралскиот клуб, а според зборовите на неговиот застапник, понудата на Топчиите била доволно привлечна за бразилскиот репрезентативец сериозно да размисли за промена на средината.


– Дали сериозно го разгледуваше Арсенал? Апсолутно. Кога таков клуб ќе ви постеле црвен тепих и ќе направи да се почувствувате навистина посакувани, секако дека мора да слушнете што нуди – изјавил Јормарк во разговор за порталот „The Touchline“.


Винисиус на крајот ја одбил можноста за преселба во Премиер лигата и одлучил да ја продолжи соработката со Реал, со кој потпишал нов договор до 2032 година. Арсенал, и покрај сериозниот интерес, останал без едно од најголемите потенцијални засилувања.