Ушаков: Путин ја гарантира безбедноста на Зеленски ако дојде во Москва

Макфакс

27/10/2026

20:00

365

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин ја гарантира безбедноста на украинскиот претседател Володимир Зеленски ако тој дојде во Москва, изјави Јуриј Ушаков. Ова било кажано во телефонски разговор со норвешкиот и финскиот лидер, каде што се разговарало и за продолжување на преговорите меѓу Русија, Украина и САД.

Рускиот претседател Владимир Путин денес изјави дека на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе му биде загарантирана безбедноста ако дојде во Москва, изјави Јуриј Ушаков, помошник на рускиот претседател за надворешна политика.

Според Ушаков, рускиот претседател го рекол ова за време на денешниот телефонски разговор со норвешкиот премиер Јонас Гар Сторе и финскиот претседател Александар Стаб, пренесува ТАСС.

Путин им рекол на Стаб и Сторе, изјави Ушаков, дека на Зеленски ќе му бидат обезбедени сите потребни услови, вклучително и безбедноста, ако дојде во Москва.

Разговорот на Путин кој траел 90 минути, се фокусирал првенствено на договорот за продолжување на преговорите меѓу Русија, Украина и САД, пренесуваат агенциите.