[ФОТО] Секси русокосата целосно гола во када ја најави Ноќта на вештерките: „Последни подготовки“

Супермен

30/10/2026

17:08

720

Големина на фонт

а а а

Пејачката Кристина Агилера (45) во средата вечерта објавила фотографиja нa Инстаграм на која позирала целосно гола, најавувајќи трансформација за костимот што го подготвува за Ноќта на вештерките 2026 година, но сè уште не открила во што ќе се маскира.

Голите фотографии не се некое големо изненадување кога станува збор за Кристина, со оглед на тоа што нејзините топлес-фотографии веќе неколкупати предизвикаа вистинска бура на социјалните мрежи.

„Последни подготовки пред Ноќта на вештерките“, напишала ѕвездата на хитовите „Genie in a Bottle“ и „Ain't No Other Man“ во описот на фотографијата на која излегува од када целосно гола.

Сепак, пејачката ги покрила брадавиците со мали емотикони во форма на духови, во духот на претстојниот празник и со доза хумор.


Нејзините обожаватели со воодушевување реагирале на провокативната фотографија, а коментарите не престануваат да се нижат.

Еден корисник напишал: „Се надевам дека годинашниот костим ќе биде ‘поп-ѕвезда која наскоро ќе објави нова музика‘“.

Агилера, всушност, нема објавено нов студиски албум со нови песни уште од 2022 година, кога го претставила албумот на шпански јазик „Агилера“.


Друг следбеник се пошегувал на сметка на фотографијата: „Тоа не беше земјотрес, само јас паднав на колена“.

Кога станува збор за Кристина и нејзините фотографии од када, пејачката неодамна привлекла внимание и со реклама за нов производ за интимна нега на брендот „Playground“ – средство за вагинална хигиена. Во рекламата таа уживала во када полна со пена.


Агилера во онлајн кампањата истакнала дека залагањето за правото на жените сами да одлучуваат за сопственото тело е нејзина „животна страст“.


„Од моментот кога влегувате во пубертет, преку периодот кога можеби ќе станете мајка, па сè до менопаузата, поминуваме низ толку многу различни фази. Нашите тела постојано се менуваат. Додека посветуваме внимание на лицето, косата, шминката и изгледот, искрено, не обрнуваме доволно внимание на самиот епицентар на животот“, порачала пејачката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk