Околу 30 навивачи на „Фемили“ нападнале 50 навивачи на „Работнички“, тешко повреден 16-годишник

Макфакс

01/11/2026

13:00

237

Големина на фонт

а а а

Осумнаесетгодишен скопјанец бил приведен поради учество во масовната тепачка што се случила пред спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје, за време на кошаркарскиот натпревар меѓу екипите на КК „Скопје 2023“ и КК „Работнички“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 31 октомври, а М.М. (18) бил приведен во 23 часот.

Според пријавеното, осомничениот, како член на навивачката група „Фемили Аеродром“, повикувал, поттикнувал и учествувал во тепачката, во која група од околу 30 навивачи на „Фемили“ физички нападнала околу 50 навивачи на КК „Работнички“, кои чекале да влезат на натпреварот.

Во тепачката тешко бил повреден и 16-годишен скопјанец, кој бил пренесен во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.

Од СВР Скопје информираат дека преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.