ОВР Струга поднесе кривична пријава против жена од Охрид поради невраќање на малолетната ќерка кај нејзиниот татко, што е кривично дело согласно Кривичниот законик.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против А.А.(37) од Охрид.
Таа се сомничи за сторено кривично дело „одземање на дете“ по член 198 од Кривичниот законик.
Пријавената А.А. го сторила делото на 09.10.2026, кога навремено и според договорот не ја вратила малолетната ќерка на нејзиниот сопруг, на кого била доделена за грижа, издржување и воспитување.








