Гаши на прва средба со новата амбасадорка на Велика Британија, Маја Сивањанам

Макфакс

03/11/2026

11:20

215

Големина на фонт

а а а

Средба помеѓу премиерот на Собранието на Северна Македонија Африм Гаши и новата британска амбасадорка Маја Сивањанам во Собранието, каде што беше истакнат напредокот во билатералната соработка меѓу двете земји и потенцирани идните приоритети во дипломатските односи.

Денеска во Собранието се одржа средба на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, со новоименуваната британска амбасадорка Маја Сивањанам.

„Гаши ја истакна повеќедецениската развојна динамика на билатералните односи меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство, кои се одвиваат преку конкретни форми на проектна и институционална соработка, а како посебна ја издвои соработката преку Весминстер фондацијата за демократија, со која се зајакнуваат функциите на Собранието и Службата. Изрази очекување за натамошно реализирање на соработката на ниво на претседатели на парламенти, пратеничките групи за соработка во двата парламента и меѓукомисиската размена на најдобри практики и искуства“, соопштија од Собранието.

Амбасадорката Сивањанам изразила задоволство од значајната соработка со Собранието на која ќе посвети соодветно внимание за време на нејзиниот мандат. Притоа, го запознала Гаши со приоритетите и фокусот на работа во следниот период, со акцент на натамошно развивање на дипломатските односи и севкупната билатерална соработка меѓу двете држави.

„Двајцата соговорници разменија мислења околу претстојните активности на Собранието и можностите и модалитетите за освежување на динамиката на веќе утврдената соработка меѓу двата парламента. Беше потенцирано значењето на Стратешкото партнерство и Договорот со кој се уредуваат трговските односи меѓу двете земји, како и натамошната поддршка на европската агенда на Република Северна Македонија од страна на Обединетото Кралство“, соопштија од Собранието.