Скопјанка допирана по телото и вознемирувана во приватна здравствена установа

Макфакс

03/11/2026

14:00

317

Големина на фонт

а а а

Скопјанка пријавила вознемирување и допирање по телото во приватна здравствена установа во Карпош. Полицијата работи на расчистување на случајот.

Скопјанка пријавила дека била допирана по телото во приватна здравствена установа.

Имено синоќа во 20:40 часот во СВР Скопје, 29-годишната жена пријавила дека во приватна здравствена установа на подрачјето на Карпош, Д.Н. ја допирал по телото и ја вознемирувал.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.