Млад 22-годишен маж од Скопје е пријавен за физички напад врз својата вонбрачна партнерка во село во општина Маврово и Ростуше, по претходна расправија.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.А.(22) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено, на 18.07.2026 во семејниот дом во село во општина Маврово и Ростуше, по претходна расправија, пријавениот физички ја нападнал својата вонбрачна партнерка.








