Гренланд одобри безбедносен договор со САД и Данска за зајакнување на военото присуство на Арктикот

Макфакс

03/11/2026

18:25

223

Големина на фонт

а а а

Парламентот на Гренланд го одобри договорот со САД и Данска кој има за цел засилување на <b>безбедноста</b> и <b>военото присуство</b> на Арктикот, поттикнат од американските барања и стратешките интереси во регионот.

Парламентот на Гренланд одобри договор со САД и Данска за зајакнување на безбедноста на Арктикот и во северниот Атлантик, по повеќемесечниот притисок од американскиот претседател Доналд Трамп, кој повеќепати бараше островот да стане дел од САД.

Договорот овозможува отворање нови американски воени бази на Гренланд, кој останува дел од Кралството Данска. Целта е да се зголеми американското воено присуство во регионот и да се намалат тензиите предизвикани од барањата на Трамп.

За договорот гласале 16 пратеници, никој не бил против, а седуммина биле воздржани. Тој ќе остане во сила дури и ако Гренланд во иднина прогласи независност од Данска.

Договорот бил потпишан во септември од Трамп, данската премиерка Мете Фредериксен и премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен, на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

За договорот треба да расправа и данскиот парламент подоцна овој месец, а ќе стапи во сила по завршувањето на потребните парламентарни процедури.