Кари го престигна Оскар Робертсон на вечната листа на стрелци во НБА

Точка

06/11/2026

08:20

411

Големина на фонт

а а а

Стеф Кари се искачи на 17. место по поени во регуларната сезона на НБА. Со 29 поени, од кои 22 по паузата, го предводеше Голден Стејт до победа од 120:100 над Мајами.

Со тројка на 7:03 до крајот на првата четвртина, Стеф Кари го престигна Оскар Робертсон и го презеде 17. место на вечната листа на стрелци во регуларната сезона на НБА. Робертсон ја заврши кариерата со 26.710 поени.

Кари постигна 22 поени по паузата

Голден Стејт го совлада Мајами со 120:100 во Сан Франциско, во натпревар одигран ноќта меѓу четврток и петок по скопско време. Кари заврши со 29 поени и шест тројки. Дури 22 поени постигна во второто полувреме, а Вориорс ја добија третата четвртина со 38:23.

Стеф Кари во дуел со Пеле Ларсон на натпреварот против Мајами.

Стеф Кари во дуел со Пеле Ларсон на натпреварот против Мајами. Фото: AP Photo / Tony Avelar

Голден Стејт врза шест победи

Вориорс ја почнаа сезоната со три порази, а сега имаат шест последователни победи и скор 6–3.

Погледнете ги најдобрите моменти од натпреварот на NBA.com.