Полицијата во Скопје лиши од слобода маж кој се заканувал на жена дека ќе испрати експлицитни фотографии на нејзиното семејство ако не му даде пари и не има сексуален однос со него.
Вчера во 09:50 часот во Полициската станица Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Љ.С.(36) од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава од 29-годишна жена дека истиот и се заканувал дека ќе испрати нејзини слики со експлицитна содржина на членови од нејзиното семејство доколку не му дала пари и немала сексуален однос со него.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.








