Хорови од четири земји настапија на фестивалот „Андон Шапхаски“ во Струмица

Точка

06/11/2026

13:09

227

Големина на фонт

а а а

На фестивалот на источното црковно пеење настапија хорови и изведувачи од Македонија, Романија, Србија и Грција.

Во Струмица се одржа Фестивалот на источното црковно пеење „Андон Шапхаски“, соопшти Општината на 6 ноември. Публиката слушна хорови и изведувачи на византиско црковно пеење од Македонија, Романија, Србија и Грција.

Настап на фестивалот на источното црковно пеење во Струмица.

Настап на фестивалот на источното црковно пеење во Струмица. Фото: Општина Струмица

Фестивалот го организираа Центарот за култура „Антон Панов“ и Струмичката православна епархија, со поддршка од Општина Струмица. На настанот присуствуваа архиепископот г.г. Стефан, владиката Јаков и градоначалникот Петар Јанков.

Извори Општина Струмица

Од фестивалот „Андон Шапхаски“ во Струмица. Фото: Општина Струмица