Скопјанец повикан во полиција, управувал дрон без дозвола

Макфакс

08/11/2026

13:50

344

Големина на фонт

а а а

Скопјанец бил повикан во полиција бидејќи управувал дрон без да има одобрение од Агенцијата за цивилно воздухопловство, при што дронот му бил и одземен поради прекршок.

Скопјанец бил повикан во полиција затоа што управувал дрон без дозвола.

Според информациите на МВР, вчера во 18:30 часот во Полициската станица Центар полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Н.П.(53) од Скопје поради тоа што истиот бил затекнат како управува дрон без одобрение од Агенција за цивилно воздухопловство.

Со потврда бил одземен дронот поради прекршок од Закон за цивилно воздухопловство.