Гази Баба од утре собира предлози од жителите за новиот општински буџет

Точка

09/11/2026

16:20

277

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот Бобан Стефковски најави средби со жителите во сите населени места во општината. Граѓаните ќе можат да посочат локални проблеми и да предложат проекти.

Општина Гази Баба од вторник, 10 ноември, почнува средби со жителите за подготовка на новиот општински буџет. Градоначалникот Бобан Стефковски најави дека разговори ќе има во сите населени места во општината.

На средбите граѓаните ќе можат да кажат кои проблеми во нивната населба бараат решение и да предложат проекти што би им го подобриле секојдневието.

Бобан Стефковски при увид во работите во Триангла, архивска фотографија

Бобан Стефковски при увид во работите во Триангла, архивска фотографија · Скопје Инфо

Целта на разговорите, според најавата на Стефковски, е жителите директно да учествуваат во утврдувањето на локалните приоритети додека се подготвува буџетот.

Извор Слободен печат.