Крива Паланка отвори пријавување за штандови на новогодишниот базар

Точка

09/11/2026

22:04

321

Големина на фонт

а а а

Продажните штандови на Градскиот плоштад ќе работат од 1 декември до 10 јануари. Општината ќе ги доделува локациите по редоследот на пријавување.

Од 9 ноември, физички и правни лица можат да поднесат барање до Општина Крива Паланка за изнајмување продажен штанд за новогодишните и божиќните празници. Пријавувањето трае додека има слободни места.

Штандовите ќе бидат поставени на Градскиот плоштад и ќе можат да работат секој ден од 10 до 22 часот, од 1 декември 2026 до 10 јануари 2027 година.

Празнични украси во Крива Паланка во декември 2025 година

Празнични украси во Крива Паланка во декември 2025 година · Фото: Општина Крива Паланка / Фемина

На базарот ќе може да се продаваат храна, печени костени, крофни, палачинки, греано вино и топли напитоци, како и новогодишни пакетчиња, честитки, играчки и ракотворби. Општината наведува дека производите треба да се изложуваат во рамките на изнајмениот објект.

Извор: официјалното соопштение.