Црна Гора го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа

Точка

10/11/2026

17:37

222

Големина на фонт

а а а

Црна Гора го презеде шестмесечното претседавање од Монако. Меѓу приоритетите се демократијата во дигиталната ера, основните права и владеењето на правото.

Црна Гора денес го презеде претседавањето со Комитетот на министри на Советот на Европа од Монако. Примопредавањето се одржа во Стразбур на состанок на претставниците на 46 земји членки.

Шефот на црногорската дипломатија Ервин Ибрахимовиќ ги претстави приоритетите за следните шест месеци. Меѓу нив се улогата на образованието, културата и медиумите во демократијата во дигиталната ера, заштитата на основните права и зајакнувањето на владеењето на правото.

Палатата на Европа во Стразбур, дело на архитектот Анри Бернар. Фото: Совет на Европа

Пред примопредавањето, министерката за надворешни работи на Монако, Изабел Беро-Амадеј, даде преглед на работата на досегашното претседателство. Комитетот на министри е тело што ги носи одлуките на организацијата, а претседавањето се менува на секои шест месеци, според Советот на Европа.