Делегации од институциите, училиштата и здруженијата им оддадоа почит на загинатите борци. Манифестацијата ја организираше Фондацијата за култура и спорт, со поддршка на Општината.
Куманово денеска, 11 ноември, ја одбележа 82-годишнината од ослободувањето со пригодна манифестација кај Спомен-костурницата. Пред споменикот на загинатите борци од Народноослободителната борба, бројни делегации положија свежо цвеќе, соопшти Општина Куманово.
Одбележувањето го организираше Фондацијата за култура и спорт Куманово, со поддршка на локалната самоуправа.

Заедничка почит кон загинатите борци
Меѓу присутните беа претставници на општинскиот одбор на Сојузот на борците и граѓаните продолжувачи, градоначалникот, членови на Советот, Армијата и Министерството за внатрешни работи.
Цвеќе положија и амбасадори и претставници на дипломатскиот кор, делегации од збратимените градови и соседните општини, јавни претпријатија и установи.
Во чествувањето се вклучија основни и средни училишта, граѓански здруженија, политички партии и други организации. Собирот беше посветен на сеќавањето на луѓето што ги положиле животите за слободата, мирот и достоинството на идните поколенија, наведува Општината.












