Хју Џекмен ја покажа својата неверојатна форма на познатата плажа во Сиднеј и воодушеви со своето извајано тело, а неговата партнерка ќе биде предмет на завист кај многу жени.
Познатиот актер Хју Џекмен уште еднаш докажа дека годините за него се само бројка и дека дури и неговите двојно помлади колеги можат да му завидуваат на формата.
Холивудскиот миленик, најпознат по улогата на бестрашниот Вулверин, го искористи сончевиот ден во родниот Сиднеј за да ужива на познатата плажа Бондај, во друштво на својата партнерка, актерката Сатон Фостер.
Hugh Jackman and Sutton Foster enjoy loved-up Bondi Beach date as actor shows off ripped physique during Sydney outing https://t.co/FJ1n49IgLy
Само неколку недели по прославата на својот 58-ми роденден, Џекмен ја соблече кошулата и го покажа своето извајано торзо и совршени стомачни мускули во шорцеви кои веднаш ги привлекоа погледите на плажата.
Вљубениот пар изгледал целосно опуштено и среќно, освежувајќи се во водите на океанот и шетајќи по жешкиот песок од плажата.
Дека ова појавување не е случајност, туку резултат на голема дисциплина, сведочи и фактот дека на актерот му се придружи неговиот долгогодишен личен тренер Мајкл Рајан - човек кој стои зад формата на Џекмен повеќе од три децении.

Сатон сигурно има многу причини за насмевка, но исто така и причина да биде претпазлив, бидејќи Хју очигледно никогаш не изгледал подобро.