Трамп му сврте грб на договорот со Иран: Тоа време е минато

Макфакс

12/11/2026

16:10

383

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот со Иран повеќе не е потребен за САД, истакнувајќи дека времето за преговори со Техеран е минато, додека истовремено ја критикуваше корупцијата и криминалот во демократиски управуваните американски сојузни држави.

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека на САД повеќе не им е потребен договор со Иран, оценувајќи дека времето за преговори со Техеран одамна поминало.

Во објава на својата социјална мрежа, Трамп најпрво соопшти дека му наложил на потпретседателот Џеј Ди Венс да го насочи целото внимание кон, како што тврди, широко распространетата корупција и криминал во градовите и сојузните држави управувани од демократите.

Како примери ги наведе Минесота, Калифорнија и Илиноис, обвинувајќи ги демократските власти за лошо управување и корупција.

Трамп тврди дека секој месец се крадат милијарди долари и дека со запирање на криминалните активности американскиот буџет би можел брзо да се избалансира.

Осврнувајќи се на Иран, американскиот претседател порача дека Вашингтон повеќе нема потреба од договор со Техеран.

Тој исто така тврдеше дека САД располагаат со ирански средства во вредност од „стотици милијарди долари“ и дека го контролираат Ормускиот Теснец.