Акциска контрола во Центар: 12 лица лишени поради дрога, затекнати и седум малолетници кои пиеле алкохол

Макфакс

15/11/2026

16:40

377

Големина на фонт

а а а

Во скопски Центар е спроведена акциска контрола од страна на полицијата и Државниот пазарен инспекторат, при која биле утврдени дел број прекршоци, од кои 12 лица се лишени од слобода поради дрога, а биле затекнати и седум малолетници кои пиеле алкохол.

Полицијата спровела акциска контрола во скопски Центар во текот на ноќта меѓу 14 и 15 ноември, при што биле констатирани повеќе прекршоци, а неколку лица биле лишени од слобода.

Во акцијата, спроведена од полициски службеници од ЕВР Центар и Бит Пазар во соработка со Државниот пазарен инспекторат, биле констатирани 18 прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

Дванаесет лица биле лишени по член 215 од Кривичниот законик, едно за безобѕирно управување со моторно возило, а три по член 204 од Кривичниот законик. Уште пет лица биле приведени поради прекршоци според Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

При контролите во угостителските објекти, во еден од нив биле затекнати седум малолетници кои консумирале алкохол. Полицијата утврдила и дека трафика продавала алкохол на малолетници, по што со Државниот пазарен инспекторат биле преземени мерки за санкционирање.

Во истиот период, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршила контрола и на техно-забава одржана во подземниот паркинг „Кресненско востание“. Биле легитимирани 65 лица и прегледани 13 возила, а едно лице било лишено по член 215 од Кривичниот законик.

Од МВР најавуваат соодветни санкции за констатираните прекршоци.