Бугарија спаси 12 членови на екипажот на товарен брод што се превртел во Црното Море

Макфакс

16/11/2026

18:40

447

Големина на фонт

а а а

Бугарските спасувачки служби успешно ги извлекоа 12 членови на екипажот од товарен брод кој се превртел во Црното Море, при што сите се во добра состојба. Инцидентот се случи во бугарската економска зона додека бродот превезувал пченица од Романија кон Египет.

Бугарија ги спаси сите 12 членови на екипажот на товарен брод што се превртел во нејзината економска зона во Црното Море, додека превезувал три тони пченица од Романија кон Египет, соопшти денеска бугарското Министерство за транспорт.

Министерството наведе дека рано утрово примило повик за помош од брод што пловел под знамето на Сомалија и тонел на околу 40 наутички милји од ‘ртот Калиакра, пренесува Ројтерс.

Екипажот бил евакуиран со хеликоптер, а сите 12 членови се во добра состојба.

Причината за инцидентот засега не е позната.