[ФОТО/ВИДЕО] Бред Пит и Инес де Рамон блеснаа на премиерата на неговиот нов филм: Парот позирал во одлично расположение

Точка

17/11/2026

14:11

872

Големина на фонт

а а а

Бред Пит и неговата девојка Инес де Рамон се појавија на премиерата на филмот „The Further Mis-Adventures of Cliff Booth“ во Лос Анџелес.

Инес де Рамон за премиерата на новиот филм на својот партнер Бред Пит избрала бел фустан со изрези, а тој се појавил во џемпер, панталони и капут. Во одлично расположение позирале пред присутните фотографи.


На премиерата се појави и остатокот од екипата што работеше на филмот, вклучувајќи ги Квентин Тарантино, Елизабет Дебицки, Карла Гуџино, Скот Каан, Питер Велер и Јахја Абдул-Матин II.

Филмот го режираше Дејвид Финчер, според сценариото на Тарантино. Дејството е сместено во 1977 година, осум години по настаните од филмот „Once Upon a Time in Hollywood“ од 2019 година. Бред Пит се враќа во улогата на каскадерот Клиф Бут, за која доби Оскар за најдобра споредна машка улога.


Во првиот филм Бут беше долгогодишен каскадер и најдобар пријател на актерот Рик Далтон, кого го играше Леонардо Дикаприо. Продолжението го следи неговиот нов живот во Холивуд, каде што почнува да работи како човек кој ги решава проблемите на другите.


Според податоците на „Netflix“, филмот од 25 ноември во период од две недели ќе се прикажува исклучиво во кино-салите на „IMAX“, а на „Netflix“ ќе биде достапен од 23 декември.

Бред Пит и Инес де Рамон се во врска од 2022 година, а првпат заедно прошетаа на црвениот тепих во 2024 година. Како што наведува магазинот „People“, парот живее заедно.