Украинскиот министер за одбрана: Главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, размената на ракети е неопходна

Макфакс

17/11/2026

21:40

327

Големина на фонт

а а а

Украинскиот министер за одбрана Евгениј Хмара денес изјави дека главен приоритет за Украина оваа зима е заштитата на небото, како и дека придонесите на земјите што ја поддржуваат, кои беа објавени на состанокот на Контакт групата за одбранбени прашања на Украина во формат Рамштајн, ќе овозможат зајакнување на воздушната одбрана.

На заедничка прес-конференција по состанокот на Контакт групата во Брисел, Хмара рече дека Украина предлага „размена“, односно земјите-партнери да почнат да ѝ префрлаат ракети од своите резерви, а за возврат да ги добијат оние што Украина веќе ги има склучено договор за следните години.

„На овој начин, ќе можеме побрзо да ги добиеме овие ракети“, рече министерот, кој го повтори предлогот што претседателот на Украина, Володимир Зеленски, претходно им го испрати на учесниците на состанокот.