[ВИДЕО] Трамп и Ши снимени во необичен момент: Американскиот претседател се обиде да го фати кинескиот шеф за рака

Макфакс

19/11/2026

12:27

1.712

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот шеф Ши Џинпинг се снимени во необичен момент на ескалатор во Кина, каде Трамп се обидува да го фати за рака својот кинески колега, но Ши само накратко го допира за надлактицата.

Американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Ши Џинпинг беа снимени во необичен момент додека се возеа на ескалатор во Шенжен, Кина.

Се чини дека Трамп се обидел да го фати Ши за рака, но кинескиот претседател, наместо тоа, накратко го фатил за надлактицата.

Снимката беше објавена од рускиот државен весник, а подоцна за неа извести и „Скај њуз“. Таа е направена по билатералната средба меѓу двајцата лидери, додека се упатувале на ручек во резиденцијата „Кајлин Вила“.

На краткиот клип се гледаат Трамп и Ши како пристигнуваат до ескалаторот. Американскиот претседател му подава рака на својот кинески колега, кој не возвраќа на истиот начин, туку само накратко го допира по надлактицата.

Потоа, Трамп со гест го повикува Ши да застане до него. Двајцата претседатели продолжуваат да се возат на ескалаторите еден до друг.