Од УХМР известуваат дека под влијание на јужно воздушно струење во вечерните часови, во текот на ноќта и утре претпладне наместа ќе дува силен југозападен ветер кој повремено ќе надминува брзина над 80 километри на час.
Во текот на ноќта и утре претпладне ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови каде се очекува да наврнат и над 15 литри на метар квадратен.
Во Скопје, ќе дува умерен до засилен ветер од променлив правец со температура значително над просекот за овој период од годината. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд.








