Минхенскиот клуб подготви две посебни иницијативи за домашниот натпревар со Келн, во пресрет на годишното собрание в сабота.
Баерн ќе им оддаде признание на своите членови на домашниот натпревар со Келн вечерва, 20 ноември. Во пресрет на годишното собрание, клубот најави две иницијативи со кои нивните имиња ќе станат дел од патувањето и од загревањето на тимот.
Според официјалното соопштение од 19 ноември, клупскиот автобус ќе биде украсен со имиња на членови од различни делови на светот. Пораката е дека тие симболично го придружуваат Баерн каде и да патува.
Кејн, Кимих и Олисе со посебни маички
Хари Кејн, Јозуа Кимих и Мајкл Олисе, заедно со соиграчите, ќе излезат на загревање во маички со имиња и соодветни членски броеви. Така клубот сака да ја нагласи врската меѓу екипата и луѓето кои стојат зад неа.

Во наредните денови, истиот дизајн ќе го добијат и автобусите на женскиот фудбалски и на кошаркарскиот тим.
Годишното собрание ќе се одржи в сабота, 21 ноември, во „БМВ Парк“, со почеток во 11 часот. Вратите ќе бидат отворени од 9:30 часот.











