470 производи требало нелегално да влезат во Македонија, цариниците ги откриле на два премини

Макфакс

21/11/2026

12:03

1.940

Големина на фонт

а а а

Царинските службеници спречија два обида за незаконски влез на 470 производи, меѓу кои козметички средства и додатоци во исхраната, на граничните премини Ќафасан и Меџитлија, со вкупна вредност од околу 149.000 денари.

Царинските службеници спречиле два обида за шверц на вкупно 470 парчиња козметички производи, средства за лична хигиена и додатоци во исхраната на граничните премини Ќафасан и Меџитлија.

Непријавената стока била откриена при детални контроли на патнички возила кои влегувале во државата.


Во првиот случај биле откриени 352 парчиња козметички производи и средства за лична хигиена, додека во вториот случај цариниците пронашле поголемо количество козметички производи и додатоци во исхраната од трговската марка „Nicer“.

Вкупната вредност на запленетата стока изнесува околу 149.000 денари.

Стоката е одземена, а против лицата се преземени соодветни постапки, информираат од Царинската управа.