Видео од Скопје: Автомобил вози во спротивна насока среде „Партизанска“

Точка

21/11/2026

17:04

1.242

Големина на фонт

а а а

Видео на кое се гледа автомобил како се движи во спротивна насока на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје е објавено на социјалните мрежи.

На снимката се гледа како возилото се движи среде булевар, а во еден момент, возачот ја намалува брзината додека се разминува со два автомобили, по што повторно забрзува и продолжува да се движи во спротивна насока.

    

Видеото предизвика реакции на социјалните мрежи, особено поради опасноста од ваквото однесување во сообраќајот и ризикот од директен судир со останатите учесници.

„Скопје1“ побара информации од Министерството за внатрешни работи дали преку системот „Безбеден град“ е регистриран овој сообраќаен прекршок, како и дали е утврден идентитетот на возачот.

За ваков прекршок, согласно законските одредби, предвидени се санкции, меѓу кои и одземање на возачката дозвола.

Од МВР се очекуваат одговори дали случајот е евидентиран и дали ќе бидат преземени соодветни мерки.