Фаталната Брукс уште еднаш ги покажа своите раскошни облини, а овој пат носела лежерна модна комбинација која откри доста.
Позната по своите бујни гради и фактот дека сака да го покажува телото, манекенката Брукс Нејдер и овој пат на многумина им ја „заскокотка“ фантазијата. Фотографите на странски медиуми ја фотографирале во вечерно излегување, а наместо „голиот фустан“, каков што често избира за посебни пригоди, носела лежерна комбинација.
Како што може да се види, за забавата на списанијата „InStyle“ и „People“ одбрала црн комбинезон, кој ја истакнал нејзината витка фигура, а го надополнила со едноставни, речиси ненаметливи модни додатоци.

Ѕвезда на нејзиниот стајлинг беше длабокото деколте, кое ѝ ги истакна градите. Иако ова не е нејзиниот најдобар изглед, им даде повод на фотографите да забележат некои интересни кадри.

Изданието го заокружила со црни потпетици и чанта, а додала и очила за да се скрие од љубопитниот свет. Косата ја стилизирала во благи, волуменозни бранови кои го нагласиле нејзиното лице.