[ФОТО] Ќерката на Брус Вилис се извини бидејќи сподели фотографија со него: Знам дека го сакате

Точка

23/11/2026

12:38

1.018

Големина на фонт

а а а

Талула Вилис (32) им се извини на следбениците поради фотографијата со таткото Брус Вилис (71) која ја сподели ден претходно, со објаснување дека моментот можеби бил премногу интимен за јавноста.

Најмладата ќерка на актерот, кој веќе неколку години живее со фронтотемпорална деменција, се огласи на Инстаграм приказна. Како што напиша, фотографијата била направена за време на посетата на татко ѝ, додека заедно гледале снимка на која пеел Френки Вали.


„Толку бев воодушевена од убавината на моментот што однапред не размислив дека можеби е премногу интимна фотографија за објавување. Можам да го признаам тоа и ветувам дека ќе бидам повнимателна“, напиша Талула.

Во меѓувреме фотографијата ја избришала од профилот, а пораката ја објавила заедно со стара, црно-бела фотографија на која Брус ја бакнува кога била девојче. „Знам дека сите го сакате. Јас го сакам. Моето семејство го сака. И тој и понатаму е херојот каков што го знаеме“, додаде Талула.


Инаку таа често ги споделува моментите поминати со татко ѝ. Во јуни 2025 година еден следбеник ѝ напиша дека не би требало да го изложува татко си во јавноста затоа што е ранлив. Тогаш таа одговори дека семејството ја користи својата дискреција при објавувањето и дека фотографиите ги споделила затоа што знае што им значи Брус на луѓето.


Семејството на актерот во март 2022 година објави дека тој има афазија и дека се повлекува од актерството, а во февруари 2023 година соопштија дека станува збор за фронтотемпорална деменција.