[ФОТО] Проклетиот „Miss Universe 2026“: Една мисица отруена, друга паднала по скали - Бугарката доживеала тешка сообраќајна несреќа...

Точка

24/11/2026

10:14

669

Големина на фонт

а а а

Оваа година повеќе од 100 делегати отпатуваа во Сан Хуан, Порторико, каде што веќе се одржува 75-от избор за Мис Универзум.

Непосредно пред 75-от избор за Мис Универзум 2026 во Порторико (чие големо финале се одржува денеска, 24 ноември), неколку учеснички се соочија со сериозни здравствени проблеми и несреќи што ги испратија во болница.

Мисица отруена со храна

За време на подготовките во Сан Хуан, најголемо внимание привлече претставничката на Куба, Миа Дио, која се смета за една од главните фаворитки на натпреварот.


Неколку дена таа молчеливо страдаше од тешки стомачни проблеми по труење со храна, не сакајќи да ги пропушти своите обврски. Нејзината состојба одеднаш се влошила на 15 ноември до тој степен што повеќе не можела да оди поради болка, па организаторите итно ја однеле во болница.

По примањето терапија и еднодневниот одмор како што ѝ препорачал лекарот, таа се вратила на натпреварот и учествува во завршните активности пред финалето.

Ана-Марија Бабау (Мис Бугарија) – сериозна сообраќајна несреќа

21-годишната претставничка на Бугарија доживеа сериозна сообраќајна несреќа на почетокот на ноември, непосредно пред нејзиното планирано патување во Порторико.


Поради сериозноста на повредите и долгото закрепнување, нејзината национална организација официјално потврди дека таа се повлекува од овогодинешниот натпревар.

Мелиса Нуњез (Мис Доминиканска Република) – несреќа пред заминување

На почетокот на ноември, претставничката на Доминиканската Република, исто така, доживеа сериозна сообраќајна несреќа.


Таа беше префрлена во болница на итна медицинска помош и набљудување. По 48 часа под медицински надзор, таа доби дозвола од лекарот да патува и на 9 ноември сепак им се придружи на другите натпреварувачки во Сан Хуан.

Викторија Амерсон (Мис Австрија) – пад по скали

На почетокот на месецот, имаше и извештаи дека претставничката на Австрија завршила во болница по случаен пад по скалите, при што се здобила со внатрешни модринки.