[ВИДЕО] Синот на Рафаел Надал го „украде“ шоуто: Неговата реакција на натпреварот на Реал Мадрид стана хит на мрежите

Супермен

26/11/2026

07:39

863

Големина на фонт

а а а

Поранешниот тенисер Рафаел Надал во Мадрид го повел својот син Рафаел помладиот, кого ретко го гледаме во јавноста, на фудбалскиот натпревар меѓу Реал Мадрид и ПСВ Ајндховен. Четиригодишникот не можеше да го скрие воодушевувањето во еден момент од натпреварот што го снимија камерите.

Синот на тенискиот шампион, кој изгледаше преслатко во елегантна кошула, имаше непроценлива реакција кога Џуд Белингам во второто полувреме постигна спектакуларен гол и го доведе шпанскиот тим во водство од 2:1.


Рафаел помладиот широко ги отвори очите и остана со отворена уста од неверување, а потоа возбудено го прослави погодокот со татко му, кој во ноември официјално стана член на Управниот одбор на Реал Мадрид. На лицето на наследникот на Надал се појави насмевка додека истовремено почнаа да ракоплескаат, а момчето победнички ја крена раката во воздух.


Минатата недела, сопругата на Рафаел, Марија Франсиска Перељо, со која е во брак од 2019 година, им се придружи на сопругот и нивниот постар син на натпреварот на кој Реал Мадрид ја совлада Селта од Виго на стадионот „Сантијаго Бернабеу“.


Парот, кој го има и едногодишниот син Мигел, се труди децата да ги држи подалеку од очите на јавноста, па затоа ретко се појавуваат заедно во јавност, а семејните фотографии повремено ги споделуваат на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk