[ФОТО] Славниот модел во голо и гламурозно издание на насловната на „Vogue“: „Жените се чисто совршенство“

Точка

26/11/2026

08:05

952

Големина на фонт

а а а

Хејли Бибер го прослави својот 30-ти роденден на уникатен начин. Таа позираше за насловната страница на списанието „Vogue“ во сосема неочекувано (голо) издание.

Моделот Хејли Бибер, која неодамна го прослави својот 30-ти роденден во минијатурно бикини, е ѕвездата на насловната страница на списанието „Vogue“ за францускиот пазар.

Модниот едиторијал врати неочекуван тренд, но во исто време ја претстави познатата убавица во атрактивни комбинации кои зрачат со висок гламур.


Па така, имавме можност да ја видиме Хајли во златна комбинација со цветни детали. Сепак, втората комбинација привлече посебно внимание бидејќи ја краси насловната страница на бројот, прикажувајќи го моделот во црна долна облека и впечатлив градник во форма на конус во црвена боја.

Таа го заокружи бројот со прекрасно стилизирана пунџа, гломазни додатоци и необичен тренд на шминка за кој мислевме дека веќе е минато. Зборуваме за избелените веѓи кои беа, и тоа како, видливи на овие фотографии.


Хејли Бибер позираше во уште едно неочекувано издание. За својот 30-ти роденден, таа одлучи да се соблече и да му го покаже на светот своето витко тело. Фотографијата предизвика бројни реакции во јавноста.


„Хејли е вистинска убавица“, „Жените се чисто совршенство“, „Те сакаме“, беа само дел од коментарите...