Вирална туристичка реклама: Скептични во поглед посета на Источна Европа? Дојдете во Вилнус и ќе се предомислите

Слободно може Литванците да ги прогласиме за победници на овогодинешната туристичка сезона, барем кога станува збор за рекламирањето. Со интересна реклама за минута и пол ги побија сите стереотипи за Источна Европа и порачаа „Дојди во Вилнус“ - главниот град на оваа балтичка земја. „Скептични сте за одење во Источна Европа? Мислите дека нема ништо што вреди да се види? Дојдете во Вилнус и ќе се предомислите“, вели пораката на видеото.