Десетина минути траеше рочиштето: Одложено е судењето за убиството на Вања и Панче

Судењето поврзано со убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски се одложи за 20 септември откако Судечкиот совет при Основен кривичен суд Скопје денеска донесе одлука за спојување на постапките на обвинетите.