Внуката на Трамп покажа како изгледа авионот на дедо: Што виси на стаклото додека Боингот „пука“ од луксуз

Внуката на поранешниот и новоизбран американски претседател се снимала во авионот додека патувала во Браунсвил, Тексас, за да присуствува на лансирањето на ракетата „SpaceX“ на Илон Маск. Трамп го купил Боинг 747 во 2011 година, а вреди околу 100 милиони долари и е познат по луксузниот ентериер и раскошните детали, како што се безбедносните појаси кои се украсени со 24-каратно злато. Сепак, освен раскошните детали, вниманието на корисниците на социјалните мрежи го привлече и необичната фигура сместена во пилотската кабина, која го прикажува ликот на Терминатор со главата на Трамп.